ОД СОВЕТНИК НА ПРЕМИЕРОТ ДО АМБАСАДОР ВО ФРАНЦИЈА Владата го испраќа нефрологот Игор Николов во Париз
Сите податоци наскоро ќе бидат јавно достапни за граѓаните, кратко искоментира премиерот.
Еден од советниците кој имаше полно работно време како мој советник е проф. д-р Игор Николов, кој ме советуваше за здравствената политика, а чијшто договор наскоро ќе биде прекинат затоа што вчера беше предложен од Владата за амбасадор во Франција.
Ова на денешната прес-конференција го објави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека имињата на сите негови советници ќе бидат јавно објавени на владиниот портал.
– Сите податоци наскоро ќе бидат јавно достапни за граѓаните – кратко искоментира премиерот.
Тој посочи дека го советуваат вкупно 17 луѓе.
– Сите тие земаат плата од 60.000 денари, само тројца или четворица кои се ангажирани со цело работно време ќе земаат плата од 90.000 денари – рече Мицкоски.