ОД СКОПЈЕ ДО БЕЛГРАД ЗА 3 ЧАСА Македонија и Србија заедно ќе бараат пари од ЕУ за изградба на бразата пруга Ниш-Скопје

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ соопшти дека Србија потпишала меморандум со Македонија, со што двете земји заеднички ќе аплицираат до ЕУ за средства за изградба на дел од брзата пруга Ниш - Скопје како дел од големиот проект.

3,271

Од Скопје до Белград ќе се стигнува за три часа кога ќе биде реализиран проектот за изградба на брзата пруга, најави српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ.

Српскиот министер посочи дека Србија потпишала меморандум со Македонија, со што двете земји заеднички ќе аплицираат до ЕУ за средства за изградба на дел од брзата пруга Ниш – Скопје, пренесува Н1.






– Кога ќе биде готова пругата, ќе бидат потребни три часа да се патува од Скопје до Белград. Тоа драматично ќе го промени животот на граѓаните – рече Весиќ.

Оваа делница е дел од големиот проект за изградба на брза пруга што ќе го поврзува Белград со Будимпешта на север и со Скопје на југ. Весиќ  за српските медиуми вчера изјави дека брзата пруга Белград-Будимпешта ќе биде завршена до 2025 година и дека ќе бидат потребни три часа за да се патува до главниот град на Унгарија.

Српскиот министер истакна дека во моментов се работи и на проектот за изградба на брзата пруга Белград-Ниш, а дополнително и за продолжување на брзата пруга до Скопје.

– Кога ќе биде готова оваа делница, од Белград до Ниш ќе бидат потребни 100 минути – рече Весиќ.

Поврзани содржини