ОД 22 ЈУНИ ДО 1 ЈУЛИ НЕМА ДА ИМА ВОЗОВИ КОН ВЕЛЕС, БИТОЛА И КОН ГЕВГЕЛИЈА Се работи на пругата за Градскиот воз

Градежни работи се изведуваат на делницата од станица Скопје до станица Зелениково.

183

Од 22 јуни до 1 јули нема да сообраќа ниту еден патнички воз од Скопјe кон Велес, Гевгелија и кон Битола поради изведување градежни работи за потребите на проектот Градски воз.

Градежни работи се изведуваат на делницата од станица Скопје до станица Зелениково.






– Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот Градски воз, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година, нема да сообраќаат возовите – соопштија од Јавното претпријатие (ЈП) Македонски железници (МЖ)-Инфраструктура.

 

Поврзани содржини