📷 ОБЛЕЧЕ БИКИНИ ДВА МЕСЕЦИ ПО ПОРОДУВАЊЕТО И ЈА „ЗАПАЛИ“ КОПАКАБАНА Вака изгледа 30 години помладата сопруга на Винсент Касел

Францускиот актер Винсент Касел (58) и неговата сопруга, бразилската манекенка Нара Баптиста (28), во понеделникот уживаа на бразилските плажи, во нивното прво јавно појавување откако станаа родители.

445

Францускиот актер Винсент Касел (58) и неговата сопруга, бразилската манекенка Нара Баптиста (28), во понеделникот уживаа на бразилските плажи, во нивното прво јавно појавување откако станаа родители. Во јануари оваа година, парот објави дека добиле син, на кого му го дале името Кајетано.

Иако се породи пред само осум недели, Нара гордо ја покажала својата тенка фигура во зелено плетено бикини, истакнувајќи колку брзо се вратила во форма по породувањето.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by N A R A H (@narahbaptista)


Нара сподели убави моменти со својот син на својот инстаграм-профил на почетокот на оваа година, вклучително и фотографии од неа како го држи в раце за првпат. Заедно со фотографиите, напиша емотивна порака:

„Ти благодарам, сине, ти благодарам што ме избра за мајка. Оваа љубов не може да се собере во мене, преплавена сум од чувства, плачам и плачам… Но, тоа се солзи на чиста љубов!“


Касел и Баптиста првпат се појавија во јавноста во ноември 2023 година, само неколку месеци по разводот на актерот од поранешната сопруга, манекенката Тина Кунаки. Романсата помеѓу Винсент и Нара брзо го привлече вниманието на јавноста, а веќе во септември минатата година објавија дека чекаат бебе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N A R A H (@narahbaptista)


Овој брак е трет по ред за Касел. Пред Нара, тој беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи, со која има две ќерки – Дева (20) и Леонија (13), како и петгодишната ќерка Амазонија од бракот со Тина Кунаки.

 

Поврзани содржини