НЛБ групацијата ја купи Комерцијална банка А.Д. Белград
Со денешното стекнување сопственост на 83,23% обични акции во Комерцијална банка а.д. Белград (КБ), НЛБ го направи последниот чекор во оваа важна трансакција како дел од спроведувањето на својата стратегија да стане водечка финансиска институција во Југоисточна Европа.
Групацијата НЛБ ја купи третата по големина банка во Србија Комерцијална банка А.Д. Белград, за што инвестираше 394,7 милиони евра.
Од Групацијата информираат дека се добиение сите потребни дозволи за оваа трансакција, вклучително и согласноста на Европската централна банка и Народната банка на Србија. Конечната куповна цена (која вклучува и камата од 1 јануари 2020 година) беше 394,7 милиони евра во согласност со одредбите на договорот за купопродажба на акции склучен со Република Србија на 26 февруари 2020 година
Со оваа трансакција НЛБ е поблиску до остварувањето на целтта да стане водечка меѓународна банка со седиште во Југоисточна Европа чиј главен фокус е токму на тој регион. Во сите држави каде што НЛБ работи држи една од првите три пазарни позиции, во Србија (која по број на жители е најголем пазар) до денес не работеше на тоа ниво.
Во Србија, со оваа трансакција НЛБ станува трета најголема банкарска институција ги го зголеми пазарното учество од околу 2% вкупна актива на повеќе од 12%, според податоците од 30 септември 2020.
Работењето на НЛБ Групацијата во Србија ќе биде (покрај словенечкиот пазар) најголемо и најважно бидејќи го зголемува клиентското портфолио со повеќе од 800.000 активни клиенти во сегментот население и ја проширува мрежата на експозитури на НЛБ со најголемата продажна мрежа во земјата од 203 експозитури. Преку сестринските банки на КБ банките во БиХ и Црна Гора, оваа трансакција дополнително ќе ја засили нивната моментално јака позиција и на тие два пазари.
Со аквизиција на КБ, обемот на кредитите на НЛБ Групацијата ќе се зголеми за околу 1,8 милијарди евра, а вкупните депозити за околу 3,3 милијарди евра.
НЛБ и КБ Белград, во сите земји каде што се присутни двете банки, ќе продолжат да работат како посебни банки до законското спојување. НЛБ ќе биде фокусирана на што понезабележливо спроведување на процесите на интеграција со цел да се обезбеди непречена транзиција и истовремено да се задржи фокусот кон клиентите и нивните потреби, вработените и сите други засегнати страни.
На краток рок нема да има промени во редовното работење на нивните клиенти. Тие ќе продолжат да ги користат сите нивни услуги непречено, а сите депозити, кредити и сметки остануваат активни под истите услови
Комерцијална банка а.д. Белград е трета по големина банка во Србија, со 10,2% пазарно учество во вкупна актива и најголема банка во Србија според бројот на експозитури. Таа е универзална банка со повеќе од милион клиенти во сегментот население, од кои повеќе од 800.000 се активни корисници.
Банката има поврзани банки во уште две држави од ЈИЕ: Босна и Херцеговина и Црна Гора. Таа исто така нуди услуги за управување со инвестициски фондови преку КомБанк Инвест а.д. Белград. Банката е основана во 1970 година. Нејзините акции котираат на Белградската берзата од август 2006 година. Исто така, од крајот на ноември 2019 година, Република Србија е мнозински акционер со учество од 83,23% обични акции, откако откупи удели од неколку меѓународни финансиски институции (како што е ЕБОР и ИФЦ).