НИ СЕ ЗАКАНУВА ИНТЕРНЕТ АПОКАЛИПСА Соларната бура ќе направи прекин на интернет врските
Силната соларна бура, која се случува еднаш во приближно 100 години, може катастрофално да влијае на технологијата на Земјата и да го турне светот во „интернет апокалипса“, се вели во новата студија.
Магнетното поле на Земјата нè штити од соларниот ветер, кој се состои од наелектризирани честички што струјат од Сонцето. Меѓутоа, еднаш во 80 до 100 години, поради природниот животен циклус на Сонцето, овие ветрови стануваат соларни бури кои можат да предизвикаат катастрофални прекини на интернет врските на Земјата и да траат неколку месеци, се вели во студијата презентирана на SIGCOMM 2021 – конференција на групацијата ACM.
Сонцето ротира како огромен огномет, додека емитува ерупции во вселената, во сите правци. Ако еден од нив се упати кон Земјата, притоа има магнетно поле кое е спротивно на магнетното поле на Земјата, полињата се мешаат.
Кога ќе помине соларната бура, дел од магнетното поле на Земјата останува искривено и изгледа како долга опашка. Ова искривено магнетно поле ги привлекува честичките со брзо полнење кон Земјата, кои удираат во повисоките слоеви на атмосферата, се загреваат и произведуваат феномен на светлина – северна и јужна поларна светлина.
Сепак, искривеното магнетно поле на Земјата има други значајни последици.
Новото истражување што го претстави Санџита Абду Џоти од Универзитетот во Калифорнија, врз основа на што беше проценета моменталната интернет инфраструктура во однос на екстремните временски настани во вселената.
Утврдено е дека оптичките влакна на долги растојанија и подводни кабли, кои се витален дел од глобалната интернет-инфраструктура, се чувствителни на струите што се произведуваат во Земјината кора од страна на соларните бури, исто така, овие струи се познати како исфрлање на коронална маса (КМЕ).
– Исфрлање на короналната маса вклучува емисија на електрично наелектризирана материја и придружното магнетно поле во вселената. Кога ќе ја погоди Земјата, таа комуницира со магнетното поле на Земјата и произведува геомагнетски индуцирани струи (ГИК) на кората – објаснува докторката Џоти.
Електричната енергија од овие сончеви бури, исто така, може да ги оштети далноводите, се истакнува во студијата.
– Во интернет каблите, кои денес се користат за долги растојанија, оптичкото влакно е имуно на геомагнетски индуцирани струи. Но, овие кабли имаат и репетитори со напојување во интервали од приближно 100 километри, кои се предмет на оштетување – додаде таа.
Иако веројатноста дека навистина ќе се случат вакви настани, варира од 1,6 до 12 проценти од можностите за една деценија, Џоти вели дека шансите се зголемуваат за време на периодот на максимална активност на Сонцето во циклусот на раст и опаѓање.
Бидејќи се очекува Сонцето да стане поактивно во блиска иднина, таа вели дека сегашната интернет инфраструктура не е тестирана на стрес при јаки соларни случувања.
– Накратко, немаме идеја колку е сегашната интернет инфраструктура отпорна на заканата која ја носи исфрлањето на короналната маса – напиша таа на Твитер.
Таа додаде дека последните големи сончеви бури се случиле во 1859 и во 1921 година. Студиите ја документирале значителната штета што овие сончеви бури ја предизвикале на тогашната комуникациска мрежа – телеграфот.
Тековниот сончев циклус, се вели во студијата, има потенцијал да биде еден од најсилните досега.
Истражувањата, исто така, покажуваат дека влијанието на соларните бури нема да биде низ целиот свет.
Се наведува дека интернет инфраструктурата на повисоки географски широчини, над Екваторот, се соочува со поголем ризик, додека САД имаат висок ризик да бидат „комуникативно прекинати“ од Европа, а пак Азија е поверојатно дека ќе ја избегне оваа ситуација.
Студијата ја нагласува потребата да се земе предвид ризикот од сончеви бури при дизајнирање и имплементација на интернет инфраструктурата и апликациите и повикува на подобра анализа на отпорноста на глобалната мрежа, пренесува РТС.