НЕМА ПРОСТОР ЗА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР МИЦКОСКИ Радев повтори дека освен уставни измени, треба да се спроведе и вториот протокол од Договорот за добрососедство

Бугарскиот премиер Румен Радев рече дека има колебање во ставовите кај некои европски лидери во врска обврските на Македонија, па тој одново ќе мора да ги убедува дека Скопје мора да го исполни договореното со консензусот од 2022 година.

0

Политичкото раководство на државата Република Северна Македонија тврдоглаво оди против интересот на сопствените граѓани за побрза европска интеграција, рече денеска премиерот на Бугарија Румен Радев.

– Властите во Скопје всадуваат говор на омраза, покажуваат нетолеранција и ја користат историјата како алатка во меѓународните односи – рече тој.






Радев потсети дека Бугарија инсистирала на вклучување на Бугарите во Уставот, токму за да ги заштити нивните права.

– Тогаш бев сам против сите. Успеав да ги убедам сите европски лидери да го сфатат проблемот со почитувањето на човековите права, за да можеме да го поставиме најферското нешто во преговарачката рамка – вклучување на Бугарите во Уставот и спроведување на Договорот за добрососедство, особено вториот протокол – истакна тој.

Радев рече дека во последно време има колебање во ставовите кај некои европски лидери во врска со ова прашање, а тоа го забележал и на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора.

– Сега јас повторно мора да вложувам напори да ги убедам каде и како треба да се држи Европа, како сојуз кој теба да ги штити интересите на сите граѓани во тој сојуз. Има колебање во ставовите на редица европски лидери, коенастана во времето кога мене ме немаше во ЕУ.  Некој не си ја завршил работата. Сега јас треба повторно да ги убедам лидерите на ЕУ дека консензусот постигнат во јули 2022 година мора да се почитува. Тоа и ќе го направам – рече Радев.

На прашањето дали однесувањето на властите во Скопјe покажува желба за членство во ЕУ, тој одговори:

– Не. Политичкото раководство прави сè што е можно за да го одложи членството на нивната земја во Европската Унија – рече премиерот на Бугарија.

На прашање за коментар во врска со палењето на двата дипломатски автомобили пред бугарската амбасада во Скопје и дали има протор за средба со македонскиот премиер Христојан Мицкоски, Радев рече:

– Нема место за таква средба затоа што проблемот не е двостран. Мицкоски има проблем со Европската Унија Нема место за таква средба затоа што проблемот не е двостран. Мицкоски има проблем со Европската Унија и Република Северна Македонија отсега па натаму ќе мора да ја убеди ЕУ дека дека ги почитува човековите права и дека може да ја гарантира безбедноста на сите дипломатски мисии на нејзина територија – рече тој.

Големиот проблем, додаде, е во тоа што ваквите инциденти не само што не се казнуваат од актуелното политичко раководство, туку се поттикнуваат и се користат во предизборни кампањи.

 

– Додека нема јасно утврдени принципи на владеење на правото, сè додека нема последици за сторителите на вакви недостојни дела, не може да има напредок. Ние немаме што повеќе да си кажеме со премиерот на Северна Македонија. Тој мора да им објасни на Европската Унија и на Европската Комисија како конечно ќе ги исполнат критериумите за членство – рече Радев.

БУГАРИ ВО УСТАВ ЗА ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ, ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛИТЕ – ЗА ДА ПРОДОЛЖАТ! Борисов потврди дека Софија ќе продолжи да ја блокира Македонија

Поврзани содржини