БУГАРИ ВО УСТАВ ЗА ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ, ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛИТЕ – ЗА ДА ПРОДОЛЖАТ! Борисов потврди дека Софија ќе продолжи да ја блокира Македонија

Европратениците од сите групи јасно ставија до знаење дека злоупотребата на европските правила и договори нема да се толерира, мило ми е што мнозинството категорично изјавија дека ќе се спречат обиди за нивно заобиколување преку процедурални трикови, објави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов по вчерашното гласање во Европскиот парламент на Извештајот за напредокот на Македонија.