УНИШТУВАЛЕ ДАНОЧНИ КНИГИ И ЗАТАЈУВАЛЕ ДАНОК Приведени екс-претседателот на ФФМ и негови соработници

Во голема координирана акција на ОЈО ГОКК, МВР и Финансиската полиција се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, а досега е приведен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

0

од раководство на јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), во координација со Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, денес се спроведува голема акција на повеќе локации во Скопје.

Во рамки на акцијата се вршат претреси, а досега е приведен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски.






Од ОЈО ГОКК информираат дека станува збор за постапување во рамки на повеќегодишна предистражна постапка поврзана со работењето на ФФМ.

„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, се спроведува координирана акција на повеќе локации во Скопје. Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП. Повеќе информации ќе бидат соопштени по завршување на дејствијата“, соопштија од Обвинителството.

Според претходни поднесени пријави од 2019 година, Ѓорѓиоски како претседател на ФФМ се сомничи за даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги. Тогаш беше наведено дека преку работењето на федерацијата биле прикажани неточни податоци во завршната сметка, со што државниот буџет бил оштетен за околу 1,68 милиони денари.

Акцијата е во тек, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Пред извесен период приведен беше и неговиот наследник, Муамед Сејдини за проневера на 700.000 евра, донација од УЕФА за изградба на трибина на стадионот во Охрид.

Поврзани содржини