🎥 НА КОНЦЕРТ ВО ЗАГРЕБ СТИНГ ЈА КОМЕНТИРАШЕ УТАКМИЦАТА АНГЛИЈА-ХРВАТСКА Пејачот проговори за хрватската репрезентација и предизвика овации!

За време на концертот во Арена Загреб, Стинг се осврна на натпреварот од Светското фудбалско првенство помеѓу Хрватска и Англија.

0

Додека милиони фудбалски фанови го гледаа натпреварот од Светското фудбалско првенство помеѓу Хрватска и Англија, кој хрватскиот тим „Ватрени“ го загуби со 4:2, Загреб беше домаќин на една од најголемите светски музички ѕвезди.

Легендарниот британски музичар Стинг го одржа својот прв концерт во Хрватска после две години, настапувајќи пред илјадници фанови во спортската сала Арена, во Загреб.
Посебна симболика на вечерта ѝ даде моментот кога Стинг ѝ се обрати на публиката и го коментираше големиот фудбалски натпревар што се играше во Далас во исто време, објави Дневник Нова ТВ.






– Драго ми е што сум повторно тука во Хрватска. Знам дека вечерва е многу важен натпревар на Светското првенство. Како што велам, нека победи подобриот тим, во ред? Знам дека имате многу добар тим – рече музичарот, добивајќи голем аплауз од публиката.
Британската музичка икона на тој начин покажа дека е добро запознаен со фудбалската еуфорија што ја зафати Хрватска, но исто така им оддаде почит на „Ватрените“, кои многумина ги сметаа за фаворити за висок пласман на првенството. Неговите зборови особено одекнаа имајќи предвид дека ова беше натпревар помеѓу Хрватска и неговата родна Англија.

Стинг изведе голем број од своите најголеми хитови во текот на вечерта, вклучувајќи песни од времето кога беше дел од „Полис“, како и хитови од неговата богата соло кариера.

Публиката во Арена Загреб уште еднаш потврди зошто музичарот е еден од најомилените странски изведувачи меѓу хрватските фанови со децении.

Поврзани содржини