НЕКОЛКУ КАТЕГОРИИ РОДИТЕЛИ ОСЛОБОДЕНИ ОД ПЛАЌАЊЕ ЗА ГРАДИНКА Одлуката на Општина Аеродром важи до крајот на годинава
Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.
Општина Аеродром ги ослободи од плаќање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.
Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница. Се ослободуват од плаќање следните категории: родители на три деца запишани во градинка се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на едно дете; самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата; двајца родители без приходи или самохран родител без приходи; двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата; родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата.
Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.
Општина Аеродром во континуитет се грижи за најмалите жители и за нивните семејства и ќе продолжи како и досега да донесува вакви и слични одлуки со кои сите деца ќе добијат еднакви услови за правилен раст и развој, како и еднаков пристап до воспитно-образовните процеси, наведуваат од Општината.