ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ КОИ ПАТУВААТ СО ДЕТЕ ВО СТРАНСТВО Шалтерот на МВР во Скопје останува затворен во сабота

Според новата одлука, услугата во Одделението за управни работи – Скопје ќе биде достапна за граѓаните од понеделник до петок, во периодот од 09:00 до 17:00 часот. Во сабота шалтерот нема да работи.

0

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за промена во работното време на шалтерот за издавање „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), сместен во зградата на МРТВ во Скопје.

Според новата одлука, услугата во Одделението за управни работи – Скопје ќе биде достапна за граѓаните од понеделник до петок, во периодот од 09:00 до 17:00 часот.






Од полицијата исто така соопштуваат дека во сабота овој шалтер нема да работи.

МВР апелира до сите граѓани кои имаат потреба од оваа услуга навремено да ги планираат своите посети согласно новото работно време, со цел процедурата за издавање на одобренијата да се одвива непречено и ефикасно.

Поврзани содржини