„НЕМА МАРТА КОС ДА МИ КАЖУВА КОЈ Е МОНСТРУМ, А КОЈ НЕ Е“ Груб одговор на Вучиќ откако еврокомесарката ја откажа посетата на Белград

Објаснувањето за откаувањети е како и обично кратко и глупаво. Глорификација на генерал Ратко Младиќ, но не кажува кој и што глорификувал. Да не требаше да им забраниме на луѓето да го дочекаат, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

0

Секогаш кога има нешто лошо да се каже за Србија, таа е секогаш гласник, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на прашањето за откажувањето на посетата на европската комесарка за проширување, Марта Кос, која објави дека ќе ја одложи планираната посета на Белград.

– Објаснувањето е како и обично кратко и глупаво. Глорификација на генерал Ратко Младиќ, но не кажува кој и што глорификувал. Се занимаваат со надвозници, да не требаше да им забраниме на луѓето да го дочекаат? Што треба, да го забраниме погребот? Дали правиме гробишта за кучиња? Тие не ја разбраа пораката на српскиот народ. И да се тргне таа приказна за Младиќ, тие не разбираат колку е презаситен српскиот народ од лаги, од заземање територии, од ослободителни пресуди за другите – рече Вучиќ.






Сè уште го имаме 16 септември (закажана пресуда за Хашим Тачи во Хаг), што ме загрижува повеќе од доаѓањето или недоаѓањето на Марта Кос.

– А таман сакав да се изназборуваме за тоа како ќе го отвориме Кластер 3 за четири години и дека ќе мора повторно да разговараат со мене, затоа што СНС ќе ги добие изборите. Да ја информирам дека ја зголемуваме нашата предност пред нашите противници и дека не успеа она што некои го правеа, а таа немаше ништо против. Молчеа за погребот на Расим Делиќ, молчат за изливите на нацистичко лудило во ЕУ земја како што е Хрватска, но ние мора да бидеме прогласени за најлоши – рече Вучиќ.

Се помирив со мојата судбина, додаде тој.

– Се борам за Србија, а Марта Кос нема да ми држи предавања кој е воен злосторник, кој е монструм, а кој не е, бидејќи, ете, кај нив нема. Нема помонструозен крик од „За дом спремни“, но тоа е патриотизам и демократија за нив. Ѝ посакувам сè најдобро. Гледам дека и словенечката влада мисли на неа. Не ме загрижува што не доаѓа, ме загрижуваат нејзините коментари. Нема да дозволам да ја понижите мојата земја и да лажете – рече Вучиќ.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска објави дека нема да дојде на планираната посета на Србија.

„Младиќ е осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и враќањето на неговите останки во Белград ја потсетува Европа на најтемните страници од нашата понова историја. Глорификацијата што следи по неговата смрт е некомпатибилна со вредностите врз кои е изграден патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, објави Кос на социјалната мрежа Икс.

Таа  додаде дека „вредностите врз кои почива нашата заедничка иднина не се предмет на преговори“.

„Во овој контекст, решив да не ја реализирам планираната посета на Србија во овој момент“, порача таа.

Поврзани содржини