📽️ НЕБОТО НАД АТИНА • ЧЕСТИТКА ЗА ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ Новак покажа што можат дроновите за една љубов

Тенискиот ас го одбележа 40. роденден на сопругата со светлосно шоу над Атина, пред очите на нивните деца.

0

Новак Ѓоковиќ на спектакуларен начин ѝ го честиташе 40. роденден на сопругата Јелена, приредувајќи ѝ изненадување со дронови на небото над Атина.

Додека беа на плажа со синот Стефан и со ќерката Тара, Јелена со воодушевување го следеше светлосното шоу што го подготвил тенискиот шампион.






„Ти благодарам што си нашиот дом“, беше една од пораките што се појави на небото.

Со дронови потоа беше исцртано и четиричленото семејство Ѓоковиќ, како и имињата на нивните деца и роденденска честитка за Јелена.

Јелена и Новак се во брак од 2014 година и важат за еден од најпознатите спортски парови на Балканот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Поврзани содржини