НЕ ПОЧЕКАА НИ СЕДУМ ДЕНА ЖАЛОСТ Ова е „пумпање“ ситни поени, предупредува Саша Богдановиќ

Поранешниот градоначалник на скопската општина Центар за правењето „пленуми“.

2,026

Жално е што некој не почека да поминат ни седум дена жалост и веднаш тргнаа да ја искористат трагедијата заради ситни поени и интереси.

Жално е што во тоа се вклучуваат и студенти демонстратори и блокадери од Србија, каде ќе забележите дека единствена цел е блокада на државата и на системот, се со цел урушување на истиот.






Но, во самиот разговор се објаснува дека со формирањето на „пленум“ ќе се направи никој во тоа движење да нема одговорност, а истиот ќе протестира против тие кои имаат одговорност.

Сум за почитување на критичката мисла, сè со цел да се промени нешто во системот и општеството на подобро. Но, кога тие што бараат промена, да имаат име и презиме и да доаѓаат од формални здруженија и организации, каде ќе можат и тие да понесат одговорност, бидејќи системот и општеството кое треба да го менуваме е за сите нас.

Дополнително секое мешање однадвор само дополнително влева недоверба кон тие таканаречени неформални движења. Посебно кон луѓе кои така лесно навредуваат и свештени лица и воедно духовен водач на еден народ, со изрази како да се наоѓаар пред локална биртија. И тие би воделе држава и би оправале систем.

Дали знаете дека тие неформални здруженија подготвуваа државен удар, со користење молотови коктели, заземање државен и приватен имот а без тоа да добиле доверба од народот ?!

Дали знаете дека штетата на туризмот во Србија е пад на туристи и посетители за 40% и со тоа страдаат превозници, таксисти, хотели, ресторани, музеи итн?!

Дали тие неформални движења ќе ја надоместат штетата?!

Дали на крајот зборот “нека почиваат во мир” ќе се замени со правење скара, печење прасиња и реге журки, како што гледавме во Белград и во Нови Сад ?!

Дали ќе се сведе пак на јавно шиканирање на луѓе осудени без суд и без истражни органи, со зборовите “пумпај”, каде ги користеа и ги објавуваа и некои од Македонија кои што и се политичари и носители на јавни функции? Без притоа да реагираат дека со тоа нивно “пумпај”, пред два дена еден од блокадерите со два куршума повреди свој сограѓанин, а жени кои размислуваат на друг начин беа нападнати и повредени со камења и јајца?!

Дали со тоа “неформално” блокадерско движење ќе уништиме и економија и проекти кои го хранат системот и од каде земаме и плати и пензии ?!

Има уште многу прашања. Но, младите, пред сè студентите, треба да размислат дека после завршувањето на студиите ќе имаат и шанса да го креираат и системот и да го менуваат. А со ваков пристап, ќе уништат нешто што функционира и нешто што постои и после и да сакаат нема да можат да сменат, бидејќи истиот систем полн со недостатоци нема да постои и ќе нема ни што да се менува. Едноставно, сè ќе биде – анархија!

(Фејсбук статус на Саша Богдановиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар)

Поврзани содржини
na