🎥 НАТАША БЕКВАЛАЦ ГО ПРЕКИНА КОНЦЕРТОТ ПОРАДИ НЕА „Сакам тоа што ми се случи мене никогаш да не ти се случи тебе“ 

Српската пејачка Наташа Беквалац неодамна одржа концерт во едно кафуле, каде што им ги отпеа некои од своите најголеми хитови на своите верни обожаватели. Вниманието на јавноста го привлече и група девојки кои се собрале поради посебна причина - моминска вечер.

1,461

Српската пејачка Наташа Беквалац неодамна одржа концерт во едно кафуле, каде што им ги отпеа некои од своите најголеми хитови на своите верни обожаватели. Вниманието на јавноста го привлече и група девојки кои се собрале поради посебна причина – моминска вечер.

Беквалац во еден момент го прекинала својот настап, за да ѝ посака на идната невеста сè најдобро во брачниот живот.






Тогаш настапил молк…

„Јас сакав да имам семејство, деца, маж, златен ретривер, сè што оди со тоа, се обидов трипати и три пати не успеав, а знаеш што ти посакувам тебе? Сакам никогаш да не ти се случи тоа што мене ми се случи. Сакам твојата љубов да трае вечно и ти посакувам сè за што сонуваш. Ти благодарам што дојде на мојот концерт, иако ме сметаат за некој што тоа не му успеало, ти си многу храбра девојка“, ѝ рекла таа.

Фотографии и видеа се проширија низ социјалните мрежи, а како изгледаше овој емотивен момент можете да видите подолу.

Инаку, Наташа Беквалац се мажеше трипати, а од два брака доби две ќерки. Таа не крие дека тие се нејзиното најголемо богатство.

„Јас сум само во родителството. Таа улога ми е најважна, исто како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија што доста те обзема. Целосно сум посветена и на работата што ја работам веќе 20 години на највисоко ниво. Тоа се две работи што ме исполнуваат и ме окупираат. Мажот мора да биде магичен за да можам да го вклопам во мојот распоред“, неодамна изјавила таа за „Блиц“ и додала:

„Сè што е големо е тешко. Јас ја сметам својата улога за голема. Секоја мајка знае колку е тешко да се биде самохран родител во овие луди времиња. Уште потешко е да се има тинејџерка и мало девојче во куќата. Јас ги родив, јас ги одгледувам и секако се гледам себеси во нив во секој момент, но ги гледам и нивните татковци.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Torbica (@j.torbica)

Поврзани содржини