НАПАЃАЧОТ КОЈ ЗАСТРЕЛА СОЦИЈАЛНА РАБОТНИЧКА ИЗБЕГАЛ ОД ПСИХИЈАТРИСКА УСТАНОВА Осомничениот е лишен од слобода, оружјето ќе се вештачи
Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување, соопшти Јавното обвинителство.
Социјалната работничка која беше застрелана во Прилеп е повредена и е вон животна опасност, информираше Јавното обвинителство. Дежурен јавен обвинител извршил увид на самото место. Напаѓачот подолго време ја демнел жртвата, а имал избегано од психијатриска институција, соопшто Јавното обвинителство.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено е едно лице.
Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување“, се вели во соопштението на ЈО.
Од ЈО велат дека осомничениот е лишен од слобода и дека оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење.