НАД 1.130 ЛИЦА СЕ ПРИВЕДЕНИ ВО ТУРЦИЈА Демонстрантите не ги почитуваат забраните за собири по апсењето на Имамоглу
Турското здружение за човекови права денеска соопшти дека десет турски новинари биле уапсени во Истанбул и Измир во нивните домови, меѓу кои и фотограф на агенцијата Франс прес.
Повеќе од 1.130 демонстранти се уапсени во Турција од почетокот на бранот протести поради приведувањето на водечкиот опозиционер, опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, во средата, соопштија денеска властите.
Јавните собири се привремено забранети во три поголеми градови во земјава.
„Од 19 до 23 март беа уапсени 1.133 осомничени во врска со незаконски активности“, напиша турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс.
Турското здружение за човекови права денеска соопшти дека десет турски новинари биле уапсени во Истанбул и Измир во нивните домови, меѓу кои и фотограф на агенцијата Франс прес.
Апсењето на новинарите следи еден ден по обновените протести поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул под обвинение за корупција.