🎥 „НА ВУЧИЌ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ СО СИЛУВАЊЕ“ Брнабиќ се жали на видео-спот објавен од студентите на ФДУ

Станува збор за видео наречено „Србија не го сакаше“, кое студентите го објавија на 19 септември, а спорен е последниот кадар од црно-белото видео, кое се случува во затвор.

1

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, им се обрати на европските претставници, вклучувајќи ја и комесарката за проширување Марта Кос, и на сите партии во Европскиот парламент во врска со предизборното видео објавено од студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград. Таа ги покани да го погледнат видеото и да оценат дали промовира демократски вредности.

Станува збор за видео наречено „Србија не го сакаше“, кое студентите го објавија на 19 септември. На црно-белата снимка, Александар Вучиќ е во центарот, проследен со пораки од граѓани во кои се наведува дека не го сакаат за претседател и дека не е добредојден. Ана Брнабиќ го нарече видеото „монструозно“ и остро реагираше. На видеото, меѓу другото, на Вучиќ му се заканува затвор, а во последниот кадар се прикажува сапун под затворски туш, што Брнабиќ го протолкува како закана за силување.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Svi u blokade! (@sviublokade.fdu)

Поврзани содржини