НАЈДЕНАТА ИСЧЕЗНАТА 15-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД Татко ѝ пријавил дека ја нема од вчера попладне
Полицијата ја пронајде 15-годишната К.Ј. од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која беше пријавено исчезнување.
Од МВР информираат дека малолетничката била пронајдена денеска (13 август) во 12:20 часот на крстосницата на улиците АСНОМ и Никола Карев во Охрид, по преземени мерки и активности.
Во содејство со Центарот за социјални работи, девојката била предадена на нејзините родители.
Нејзиното исчезнување било пријавено утринава во 5:45 часот во СВР Охрид. Нејзиниот 57-годишен татко Н.Ј. пријавил дека вчера околу 16 часот неговата малолетна ќерка К.Ј. се оддалечила од домот.