ХАОС ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ТЕТОВО Мајка и ќерка приведени по закани кон вработени

С.Н. била повикана во Центарот за социјални работи по претходно пријавено семејно насилство, а таму пристигнала со нејзината 63-годишна мајка. Според полицијата, двете се однесувале агресивно, се заканувале и се обиделе физички да ги нападнат вработените.

0

Мајка и ќерка од Тетово се приведени откако, според пријавеното, агресивно се однесувале кон две вработени во Центарот за социјални работи и се обиделе физички да ги нападнат.

Станува збор за М.Н. (63) и С.Н. (32), двете од Тетово, кои биле лишени од слобода вчера, 12 август, од полициски службеници на СВР Тетово.






Според информациите од полицијата, С.Н. претходно била повикана во Центарот за социјални работи во врска со пријавен случај на семејно насилство. Таа во Центарот пристигнала околу 11:15 часот заедно со нејзината мајка.

Но, наместо разговорот да помине мирно, двете, според пријавеното, започнале агресивно да се однесуваат кон две вработени во Центарот.

– С.Н. била повикана во Центарот за социјални работи Тетово во врска со претходно пријавено семејно насилство и во 11:15 часот отишла заедно со нејзината мајка М.Н. и веднаш започнале агресивно да се однесуваат кон две вработени, им се заканувале и се обиделе физички да ги нападнат – информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

По пријавувањето на случајот, полициските службеници ги лишиле од слобода мајката и ќерката.

Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини