НА БУДАЛИТЕ ОТПОСЛЕ ИМ ТЕКНУВА Петре Шилегов за враќањето на неговиот проект за брз автобуски превоз

„После две години однесување како вошка во перика, поради очигледната некомпетентност, немање визија и основно познавање, новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред две години“, коментира поранешниот градоначалник на Скопје.

2,027

„Мојот професор Марјановиќ, своевремено велеше: на будалите отпосле им текнува…“

Со овие зборови поранешниот градоначалник на Скопје на Фејсбук ја коментира најавата на Град Скопје дека системот за брз автобуски превоз добил зелено светло од меѓународните партнери, со што започнува неговата реализација. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ.






Во соопштението на Град Скопје се вели: „Во основниот идеен проект беа истакнати детектираните сериозни пречки за реализација кои благодарение на посветеноста и работата на градската администрација се надминати и со нивно отстранување се овозможува непречена реализација на овој проект“.

Петре Шилегов за ова вака коментира:

„После 2 години однесување како вошка во перика, поради очигледната некомпетентност, немање визија и основно познавање, новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред 2 години.

Реализација на целосно разработен проект со обезбедена финансиска констукција, одобрен од меѓународната и домашна стручна јавност како најоптимално решение за Скопје.

Фрлањето прашина во очи ‘со отклонување на грешките на претходното градско раководство’, не го разбирам како ништо друго, освен како очаен обид да се обезбеди алиби за сопствената глупост. Впрочем, 2 години сме сведоци дека незнаењето го кријат со перманентен конфликт и караници со секого, вклучително и со сопствените директори.

Загубените 2 години (досега ќе беше во полн ек изградбата) и парите кои како камати се платени во меѓувреме, за жал, повторно паѓаат на грбот на Скопјани…“

Поврзани содржини