🎥 НА 92, ИЗГЛЕДА ПОМЛАДО ОД НЕЈЗИНИОТ 61-ГОДИШЕН СОПРУГ Холивудската легенда воодушеви со својот изглед на гала вечер во Лондон
Холивудската ѕвезда Џоан Колинс и на 92 години е сѐ уште она што била отсекогаш, симбол на гламур кој на оваа возраст добива предзнак на вонвременски
Џоан Колинс во друштво на својот сопруг Перси Гибсон (61) се појави на хуманитарна гала-вечера во Лондон, организирана за поддршка на децата со тешки заболувања.
Ѕвездата која е најпозната по улогата на Алексис во старата култна серија „Династија“ воодушеви со својот изглед, кој не отстапува од она што е нејзин препознатлив знак, елегантна женственост и задолжителниот црвен кармин и препознатлива фризура.
Иако е таа 31 година постара од својот сопруг, кој е познат холивудски продуцент, тие изгледаат многу блиски и среќни, а таа огромна разлика речиси и не се забележува.
Ова појавување доаѓа кратко откако Џоан Колинс јавно изјави дека никогаш не би користела популарни лекови за слабеење како „Оземпик“, нарекувајќи ги нивните ефекти „катастрофални“ за изгледот на луѓето. Таа истакна дека не верува во игли и козметички процедури.
Со својата енергија и изглед, Џоан Колинс продолжува да инспирира, покажувајќи дека кога имате дух, годините се навистина само бројка.