МВР објави листа на недостапни за прием на решенија за сообраќајни прекршоци
Доколку граѓаните сами не ги подигнат решенијата, од МВР ќе сметаат дека се уредно доставени.
Министерството за внатрешни работи објави листа на 35 физички и правни лица на кои не може да им ги достави решенијата за прекршоци во сообраќајот.
МВР ги повикува овие лива во рок од осум дена да се јават во Одделението за прекршоци Скопје-5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР – Сектор за прекршоци во населбата Лисиче за да ги подигнат решенија.
Доколку граѓаните сами не ги подигнат решенијата, од МВР ќе сметаат дека се уредно доставени.