„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана на патот Струмица–Берово

Мобилниот тим запрел „дачија дастер“ кај Суви Лаки. Во возилото нашле марихуана, а петмината биле приведени.

0

Полицискиот мобилен тим „Task Force“ на БЈБ пронајде марихуана во џип „дачија дастер“ при контрола на паотт Струмица–Берово во источниот регион. Приведени се пет лица кои биле во автомобилот.

Акцијата била изведена на 20 септември во 22.20 часот кај местото Суви Лаки.






Во автомобилот со скопски регистарски таблички биле Г.П. (32) од Пожаране, С.З. (37) од Муртино, Н.С. (31) од Воиславци, Б.А. (25) од Радовиш и В.С. (22) од Злеово.

„При контрола на патничко возило ‘дачија дастер’ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот Регионалниот центар за гранични работи Исток ќе поднесе соодветна пријава.

Поврзани содржини