МУ НАШЛЕ РЕВОЛВЕР И КУРШУМИ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН Уапсен 34-годишник од Батинци

Интервентната полиција го запрела 34-годишниот маж напладне во скопското село. Прегледот завршил со пронајдено оружје и со приведување.

0

Полициска контрола во Батинци завршила со лисици на рацете на 34-годишен скопјанец. Кај него полицајците пронашле револвер и куршуми, по што веднаш го привеле.

Денеска во 12.40 часот во скопското село Батинци. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го запреле Ф.И. (34) од Скопје.






При прегледот кај него бил пронајден револвер. Полицајците пронашле и куршуми за оружјето.

Ф.И. бил лишен од слобода, а полицијата сега го документира случајот. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини