МОЖЕБИ СМЕ МАЛА ЗЕМЈА, НО ИМАМЕ ОГРОМНО СРЦЕ Ѓорческа вели дека пласманот на Вимблдон е остварување на сонот

Но, кога ќе стигнеш тука, даваш 100 проценти од себе за да успееш, а на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но ние сите имаме огромно спортско срце, вели Лина Ѓорческа која стана првата тенисерка од Македонија која ќе настапи на главниот турнир на Вимблдон, по убедлива победа во финалето на квалификациите.

9

„Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историја, и во машка и во женска конкуренција, која се изборила за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот. Не е лесно да си од мала држава, поради целата логистика, условите за тренинг и финансискиот дел. Но, кога ќе стигнеш тука, даваш 100 проценти од себе за да успееш, а на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но ние сите имаме огромно спортско срце.“

 

Вака изјави Лина Ѓорческа која ќе стане првата Македонка која ќе учествува во главната ждрепка на еден гренслем турнир – легендарниот Вимблдон. Таа го оствари својот сон. Со убедлива победа во квалификациите обезбеди пласман на најпрестижниот гренслем во светот.






Поврзани содржини