ОГРАБИЛ СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Фатен е преку траги од ДНК

477

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 22-годишник, на 16.07.2024 година, од автомобил во сопственост на Државниот завод за ревизија паркиран во центарот на Скопје одзел ташна со предмети во вкупна вредност од околу 50.000 денари. Кражбата ја извршил кршејќи го стаклото на предната лева врата од автомобилот, ги одзел предметите и веднаш избегал. Бил идентификуван врз основа на ДНК траги пронајдени во ограбеното возило“, се наведува во соопштението.






Оценувајќи дека постои опасност обвинетиот повторно да се даде во бегство, јавниот обвинител предложи неговото присуство да го обезбеди со притворска мерка.

Поврзани содржини