МЛАДА ГОСТИВАРКА НАПАДНАТА ОД ГЛУТНИЦА КУЧИЊА Сакала да избега, паднала и се повредила

П.С.Г.(23) од Гостивар вчера пријавила дека на улица 101 во Гостивар била нападната од повеќе кучиња, соопшти полицијата.

369

Глутница кучиња вчера нападнале 23-годишна гостиварка. Жената се обидела да избега, притоа паднала и се повредила, соопшти полицијата.

„На 24.2.2025 година во ОВР Гостивар, П.С.Г.(23) од Гостивар пријавила дека на улица 101 во Гостивар била нападната од повеќе кучиња. При обид да избега паднала и се здобила со повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар“, соопшти полицијата.

 

Поврзани содржини