МИРА АНДРЕЕВА ГО ОСВОИ ИНДИЈАН ВЕЛС Ова е трета титула за 17-годишната Русинка

135

Руската тенисерка Мира Андреева ја победи Белорусинката Арина Сабаленка во финалето на ВТА-1000 турнирот во Индијан Велс – 2:6, 6:4 и 6:3.

Мечот одигран синоќа траеше 2 часа и 6 минути.






Андреева сервираше шест аса, направи две двојни грешки и реализираше четири од 13 брејк топки.

Сабаленка имаше еден ас, една двојна грешка и реализираше три од шест брејк топки.

Седумнаесетгодишната Русинка ја освои третата ВТА титула во кариерата. Таа го освои и својот втор турнир во 2025 година. Претходно, Андреева стана победник на турнирот во Дубаи.

Поврзани содржини