МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЌЕ СОРАБОТУВА СО ИСТРАГАТА Злоупотреба на позицијата за лични профити ќе се третира сериозно, порача Владата
Министерството за економија и труд изразува целосна подготвеност за соработка со надлежните органи во процесот на истражување и расветлување на трагедијата која се случи во Кочани, објави вечерва Владата на Република Северна Македонија.
„Министерството ќе обезбеди целосна поддршка во сите законски постапки, осигурувајќи дека секое прекршување на законот и злоупотреба на позицијата за лични профити ќе се третираат со соодветна сериозност“, се наведува на веб страницата на Владата.
Граѓаните, се вели во објавата, имаат право да бидат информирани на вистински начин и да побараат отчетност.
„Министерството за економија и труд е посветено на гарантирање дека законот ќе се почитува и правдата ќе биде воспоставена“, се додава во соопштението од Владата.