МИНАТИОТ ВИКЕНД НА ЕВЗОНИ ПАДНАЛ СИСТЕМОТ Грција разгледува поставување мобилни кабини и дополнителни ленти
Освен празникот и продолжениот викенд и напливот на туристи, минатиот викенд на граничниот премин на Богородица паднал системот, откри грчка туристичка страница. Истовремено, грчките власти размислуваат да воведат повеќе ленти, подобри контроли и модуларни кабини со биометриски терминали како одговор на бројните поплаки од регионот.
Kраток пад на ИТ системот од грчката страна бил дел од причините за големата гужва на граничниот премин Богородица минатиот продолжен и празничен викенд, наведува познатата грчка туристичка страница Nikana, пренесува српски Телеграф.
„Вчера, на пример, имаше прекин на системот во еден момент, што предизвика застој. И тоа е нешто што може да се случи во текот на сезоната – не често, но се случува“, наведуваат од страницата коментирајќи го големиот наплив на турисити, вклучително и од Македонија како причина.
Според нивните информации, најголемиот метеж бил меѓу 6 и 8 часот наутро, слично како и во годините пред да виде воведен ЕЕС системот за биометриски проверки. Подоцна колоните постепено се намалувале.
Снимките од автомобили заглавени со часови на границата предизвикаа загриженост кај илјадници туристи.
Грција веќе бара решение
Колапсот на Евзони веднаш стигна и до грчките власти. Во Солун состанчеа ретставници на полицијата, царината, локалната самоуправа и другите надлежни институции. Заменик-министерот за внатрешни работи задолжен за грчките региони Македонија и Тракија, Константинос Гулекас предупредил за поплаките.
На состанокот учествувале пулекас предупредил дека туристичкиот и трговскиот сообраќај кон Грција постојано расте.
Истовремено, новата европска регулатива бара проверка на биометриските податоци на секој патник што влегува или излегува од земјата.
„Со европската директива за проверка на биометриските податоци на секое лице што влегува или излегува од земјата се создаваат дополнителни доцнења за време на неопходните полициски контроли“, посочил Гулекас.
Специјални тимови ги посетуваат Евзони и Кипи за да ја испитаат можноста за воведување дополнителни мерки уште пред главниот туристички бран.
Што би можеле да бидат новите измени?
Според информациите што се разгледуваат, Грција не планира само подобрување на софтверот. На маса се неколку конкретни решенија кои би можеле значително да го забрзаат протокот на патници.
Една од опциите е поставување модуларни кабини со биометриски терминали пред пасошката контрола.
Во нив патниците самостојно би ги скенирале пасошите и би ги внесувале биометриските податоци, пред да пристигнат до полицискиот службеник.
Се разгледува и отворање привремени контролни пунктови и дополнителни ленти во периодите кога има најголем сообраќај.
Друга опција се мобилни терминали со кои полицајците би можеле да вршат дел од контролите додека патниците сè уште чекаат во колоните.
Според грчките медиуми, токму овие решенија се меѓу приоритетите што треба да се реализираат пред шпицот на летната сезона.
Жалби стигнале и од Македонија
Министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, призна дека новиот систем веќе предизвикал реакции од соседните држави. Тој изјави дека добил поплаки од неговите колеги од Македонија и од Србија.
Според него, проблемот има две димензии. Првата е новата биометриска регистрација што ја бара Европската унија.
Втората е застарената инфраструктура на грчките гранични премини.
Токму затоа грчките власти бараат решенија што ќе го забрзаат преминувањето на границата без да се нарушат европските правила.
Како да ги избегнете гужвите?
Туристичките работници советуваат патниците да избегнуваат пристигнување на граница сабота наутро, кога најчесто пристигнуваат организираните автобуски тури. Најмалку гужва има во ноќните часови.
За патување кон Јонското крајбрежје се препорачува преминот Меџитлија-Ники.
Како алтернатива на Евзони останува и граничниот премин Дојран, кој во дел од деновите има значително помал сообраќај.
За Тасос и источна Грција многумина избираат рута преку Бугарија.
Доколку мерките што ги разгледува Атина навистина бидат реализирани во наредните недели, ова лето би можело да донесе побрзо преминување на границата.