СУВО ДРВО ЗДРОБИ АВТОМОБИЛ ВО КАРПОШ Уште пред една година било обележано за сечење
Според сопственикот, тој автомобил повеќе не е во употреблива состојба.
Суво дрво се скрши и сериозно оштети возило во скопската населба Карпош – објави Фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“.
Во објавата, скопјанката Марија посочува дека дрвото на улицата Волгоградска 4 било обележано со црвена боја и буква „С“ (за сечење) речиси една година, но и покрај тоа не било отстрането. Таа додава дека друго суво дрво во непосредна близина се скршило и паднало врз автомобилот на нејзиниот сосед. Според сопственикот, тој автомобил повеќе не е во употреблива состојба.
„Прашањето ми е каде да се реагира што службиве спијат? Дали ќе се чека да падне само од себе врз дете или повторно врз возило“, пишува скопјанката во нејзината реакција.