ВО ФУНКЦИЈА НОВИОТ ДИГИТАЛЕН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ НА ЦАРИНАТА Наскоро ќе се поднесува и единствена транзитна декларација
Овој систем, како што наведуваат од Царината, го применуваат 80% од земјите членки на Конвенцијата за заеднички транзит, вклучувајќи ги Германија и Грција.
Целокупната трговија која транзитира низ Македонија од први јуни се одвива преку Новиот компјутеризиран транзитен систем Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ, соопштија од Царинската управа.
Овој систем, како што наведуваат од Царината, го применуваат 80% од земјите членки на Конвенцијата за заеднички транзит, вклучувајќи ги Германија и Грција.
Во следниот период ќе работи и на дополнителна надградба на системот, што ќе ја ќе се вброи земјава меѓу земјите кои ќе воведат систем којшто овозможува поднесување на една единствена транзитна декларација, заедно со безбедносните најави.
-Имплементацијата на овој систем претставува клучен исчекор во модернизацијата на царинското работење, кој преку олеснување на трговијата и воведување на безбедносни проверки пред пристигнување на стоката на граница, носи директни придобивки за бизнис заедницата и за економскиот раст на државата – вели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
Царинската управа продолжува со засилена имплементација на Реформската агенда и Планот за раст.