МЕРЦ ЌЕ ГО ПРЕДИЗВИКА ТРАМП НА НУЛА ЦАРИНИ Берлин турка трговија без граници со Вашингтон
Им предлагаме на Соединетите Американски Држави дека би било најдобро да ги намалат сите царински давачки во меѓусебната размена на стоки на нула, рече идниот германски канцелар на состанокот на неговите конзервативци откако го објави изборот на членовите на неговиот кабинет.
Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека ќе го повика претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп сите царини „да ги сведе на нула“.
– Им предлагаме на Соединетите Американски Држави дека би било најдобро да ги намалат сите царински давачки во меѓусебната размена на стоки на нула – рече Мерц на состанокот на неговите конзервативци откако го објави изборот на членовите на неговиот кабинет.
Тој, исто така, предложи меѓусебно признавање на технолошките стандарди меѓу Германија и САД.
– Она што го видовме во последните години и децении се се поголемите технички бариери меѓу главните трговски нации во светот и ние мора да го надминеме ова бидејќи тоа би можело да придонесе и за одржливо намалување на бирократијата – порача Мерц.