МЕЧКАТА БИЛА ПИЈАНА И ВОЗЕЛА СО 167 КМ/Ч Полицијата откри нови детали за несреќата

Сатирична вест на порталот Кооперација.

7,450

Министерството за внатрешни работи објави нови детали за сообраќајката во која една мечка го изгуби животот на регионалниот пат Битола – Ресен, според кои таа во моментот на сударот го возела својот Мерцедес со огромна брзина, неколку пати поголема од дозволената брзина.

„Нашите сознанија од терен велат дека мечката достигнала 167км/ч и најверојатно, поради лошите услови, излетала од патот и удрила во дрвјата покрај него. Веднаш потоа била пронајдена од заменик-директорот кој најпрвин ѝ дал вештачко дишење, па откако видел дека ѝ нема спас, сам ја извлечкал од патот и решил да се слика со неа за да ѝ го зачува споменот“, велат од МВР.






Тие додаваат дека постои сомнеж мечката да не била целосно трезна, затоа што според сведочењето на чесниот пронаоѓач, додека ѝ давал вештачко дишење почувствувал силен мирис на алкохол, но овие наоди сѐ уште се испитуваат.

Целата сатирична вест на порталот Кооперација прочитајте ја ТУКА.

Поврзани содржини