МАЛИ ФРЧКО НЕ САМО ДА НАМАЛИ, ТУКУ ДА ПРЕСТАНЕ СО „ЦРТИТЕ“ Филипче со години молчел за Гостивар, ОЈО истражува

Кривичната пријава за водата во Гостивар доби остар одговор од директорката на ИЈЗ. Андоновска јо повика Јон Фрчкоски да „намали со цртите“, додека екс-министерот за здравство и сегашен лидер на СДСМ Венко Филипче на јавна пресметка со документи и со аргументи. Taa вели дека поранешната влада со години молчела за состојбите во Гостивар.

0

„Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со “цртите”, не е добро за здравјето!“

Вака му порача директорката на Институтот за јавно здравје на Јон Фрчкоски од СДСМ откако Фрчкоски поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо Клековски во врска со ситуацијата со водата во Гостивар.






Марија Андоновски тврди дека екс-министерот за здравство и актуелен лидер на СДСМ Венко Филипче со години молчел за неисправните наоди од испитувањата за водата во градот. Таа вели дека Јавното обвинителство веќе постапува во врска со случајот и дека ги охрабрува обвинителите да истражат најпрофесионално до последен факт и да утврдат одговорност.

„Со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје…СДСМ молчел, се криело од јавноста и граѓаните, иако граѓаните трпеле здравствени последици. Никој не знаел кој е причинителот на здравствените проблеми, бидејќи на СДСМ не било приоритет здравството и грижата за населението, туку приоритет им било ‘лоповлук’ и лично богатење“, пишува Андоновска.

Таа додава:

„Знаел и Венко(од тогашното Министерство за здравство), знаела и Рената(ДСЗИ), знаел и тогашниот директор на АХВ, сите знаеле! Добивале писмени известувања од Центрите за јавно здравје, ИЈЗ, приватни акредитирани лабаратории за испитување квалитет.

Сите овие известувања кои ги добивале и молчеле, ќе бидат доставени до јавноста и до обвинителството.
Не смее да е исто и не е исто!“

Според Андоновска актуелните здравствените власти активно работат заедно со институциите за граѓаните на Гостивар да добијат квалитетна вода и се достапни за доставување на информации и документација која ќе биде побарана во истрагата.

„Ајде Венко уште денес да влеземе во судница и јавно пред сите медиуми и целата јавност, да разговараме и да ги извадиме фактите и аргументите и за Гостивар, и за прочистителната станица во Гостивар која сè уште не била ставена во функција и за известувањата за неисправна вода во повеќе градови за која сте молчеле и за ограбените и распаднати здравствени институции кои си ги оставил, за модуларната болница, за Ковидот, за 10 тони опасен хемиски отпад кој можеше да направи голема хаварија во сред Клинички а си го оставил со години иако си знаел , да зборуваме и за лабараторијата од трет степен на безбедност, која си ја отворал во ИЈЗ за која има странска донација, а не проработела ни минута затоа што не е довршена, тоа што е направено е во голем дел погрешно изведено, а фирмата изведувач веќе не постои….а си знаел, во иста зграда си бил…

Ајде Венко имаме уште многу што да разговараме, каков „пепел” оставивте и што сè преземаме за да ги вратиме институциите во кондиција!“, повика Андоновска.

Шефицата на Институтот за јавно здравје вели дека верува во професионалноста на обвинителството и дека верувам дека секој ќе си го добие местото кое го заслужува согласно законот и прописите во случајот со водата во Гостивар.

„Додека СДСМ си ја ‘ишка мувата’ за нeговата одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности“, порачува во својата објава Андоновска.

Поврзани содржини