МАКРОН ГО ПРЕЧЕКА ПАПАТА, МЕЃУ НИВ СТОИ СПОРЕН ЗАКОН Лав XIV ќе го посети и УНЕСКО во време кога САД се повлекоа

Првата голема папска посета на Франција по 18 години почнала во чувствителен момент – земјата го отвори патот за асистирано умирање, на што Католичката црква остро се противи.

0

Претседателот на Франција Емануел Макрон го пречека папата Лав XIV на парискиот аеродром „Орли“, но зад протоколот и ракувањето стоеле неколку чувствителни политички и општествени теми.

Најжешката тема на посетата за Париз е францускиот закон за асистирано умирање. Неколку часа подоцна, пак, папата требало да испрати глобална порака од УНЕСКО – организација од која САД решија да се повлечат.






Лав XIV пристигна во четиридневна апостолска посета на Франција, со станици во Париз, Лурд и во Мец. Ваква широка папска посета на земјата немало речиси две децении.

Откако Маркон го пречека на „Орли“, двајцата заминале на разговори во Елисејската палата.

Меѓу Макрон и Папата стои законот

Франција е една од најсекуларните држави во Европа, а односот меѓу државата и религијата е поставен врз принципот laïcité. Токму затоа посетата на папата имала пошироко значење од вообичаената црковна агенда.

Франција годинава го отвори законскиот пат за таква можност под строго определени услови, додека Католичката црква се спротивставува на законски решенија што дозволуваат намерно предизвикување смрт.

Затоа зад средбата Макрон–Лав XIV стоел фундаментален судир на ставови за едно од најчувствителните етички прашања во Европа.

Ватикан ја претстави посетата како апостолско патување, а Светата столица најави разговор за француското општество, човечкиот живот, науката, технолошкиот напредок и за вештачката интелигенција.

Трамп излегува, папата влегува

Од Елисејската палата Папата требало да се пресели на уште една адреса со силна политичка симболика. Во Париз се наоѓа седиштето на УНЕСКО.

Лав XIV треба да стане првиот папа по Јован Павле Втори во 1980 година што ќе ја посети организацијата. Неговото обраќање закажано за денес попладне, 25 септември, ќе биде посветено на вештачката интелигенција, интегритетот на информациите, образованието, младите и на мирот.

Но посетата добила дополнителна геополитичка тежина по одлуката на администрацијата на Трамп САД да се повлечат од УНЕСКО.

Американското повлекување оставило дупка од околу 8% во буџетот на организацијата. Лав XIV, првиот Американец на чело на Католичката црква, практично пристигнува за да зборува за меѓународна соработка во институција од која Вашингтон решил да се тргне.

330.000 малолетници биле злоупотребени од свештеници

Папата во последниот период сè погласно зборуваше и за ризиците од вештачката интелигенција. Само неколку дена пред патувањето побара технологијата да не создава нови поделби и конфликти и повторно повикал на меѓународни правила за нејзиниот развој.

Се чини дека Париз е само првиот слој од посетата.

Во Лурд папата треба приватно да се сретне со 7 лица кои преживеале сексуална злоупотреба поврзана со Католичката црква. Француската црква и натаму се соочува со последиците од независната истрага од 2021 година, која проценила дека околу 330.000 малолетници биле злоупотребени од свештеници или други лица поврзани со црковните институции во периодот од 1950 до 2020 година.

Последната станица ќе биде Мец, каде Лав XIV треба да зборува за Европа, мирот и за единството. Ватикан токму европската иднина, различноста и мирот ги посочил како главни теми на завршницата од патувањето.

Поврзани содржини