🎥 МАКЕДОНИЈА ЗАБРЗУВА, ГОТОВА ПРВАТА ОД 14 ГАЛЕРИИ Мицкоски објави видео

Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот – напиша Мицкоски.

0

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, напиша премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук, заедно со видео-снимка од тунел на патот Охрид-Кичево.

„Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините.






Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот.

Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза.

Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните.

Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во рокот кој е предвиден.

Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата“ – пишува Мицкоски во објавата под наслов „Македонија забрзува“.

Поврзани содржини