📷 СО ИНВЕСТИЦИИ ОД 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА МЕНУВАМЕ СЛИКАТА ЗА НЕГОТИНО Николоски за владината поддршка во локалната инфраструктура

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Марија Нацева, извршија увид во изградба на инфраструктурни проекти во Неготино што се реализираат со поддршка на Владата.

42

Инвестициите во Неготино само во делот на улици и плоштади, комунални проекти, паркови, изнесуваат над 4 милиони евра, што креираат нови слика за Неготино. Поддршката на Владата за Неготино и за другите општини е огромна и континуирна, порача денеска од Неготино, заменик претседателот на Владата Александар Николоски.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Марија Нацева, извршија увид во изградба на инфраструктурни проекти во Неготино што се реализираат со поддршка на Владата.






Притоа се изврши увид во реконструкција на ул. „29-ти Ноември”, проект кој се реалиизра преку Министерството за транспорт, во вредност од 28.7 милиони денари. Исто така извршија увид и во изградбата на кружен тек, инвестиција од 9, 8 милони денари.

– Во моментов, само преку програми кои што се од Владата, преку Министерството за транспорт, се инвестираат некаде околу 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, понатaму паркови, кружен тек, плоштад. Така што, бројни се проектите коишто се работат или ќе се работат во Неготино.

Ќе продолжиме во следниот период да ја поддржуваме општината, да ја поддржуваме градоначалничката, а со новите можности кои што се отвораат, исто така, ќе разговараме и за нови проекти. Навистина е задоволство да се биде денес во Неготино, да се види колку многу проекти или се завршуваат, или се работат, или ќе почнат да се работат.

Мило ми е што со една нова енергија, која што градоначалничката ја внесе, се забрзуваат голем број проекти со поддршката со Советот, со поддршката, исто така, од пратеникот, со поддршката од Владата и лично од премиерот Мицкоски.

Овде имаме навистина една комплетно нова слика за општина Неготино. Мислам дека тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство. Дополнително во општина Неготино преку двата повици на Владата за инфраструктурни проекти, се реализраат 12 проекти за подобрување на урбаното живеење и локалната економија – изјави Николоски.

Премиерот Мицкоски рече дека во моментов во Македонија во тек се повеќе од 1.200 проекти и целата земја е едно големо градилиште.

– Да се заблагодарам за посветеноста на мојот колега од Владата и впрочем на сите колеги од Владата бидејќи денеска Македонија е едно големо градилиште, се гради на повеќе од 1.200 локации, низ целата територија на државата. Нешто што досега е незабележано во поновата историја на независна Македонија. И ќе продолжиме и понатаму да ги довршуваме овие проекти.

Единствено лоша вест сето ова коешто се случува во државата е оние коишто не и мислат добро на државата, оние коишто не сакаат Македонија да успее, само тие не успеваат да го видат сето она коешто оваа Влада и овие градоначалниците го прават за граѓаните – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини