ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА Кога се гради инфраструктура, се гради иднината на Македонија

Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

1

Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„Патиштата, мостовите и коридорите ја покауваат разликата! Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи. Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите. Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО-ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%. Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%. Значи, споредуваме 2 со 7 години. Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени“, објави Стојаноску на Фејсбук.






Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата, додава тој,

„Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој. Затоа овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура. Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија“, порача Стојановски.

 

Поврзани содржини