МАКЕДОНИЈА ПРЕКРИЕНА ВО БЕЛО РУНО Врнежи од снег на Попова Шапка, Стража и Маврово

Како што соопштуваат од ЈП Македонијапат, сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

641

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Во Маврово врнежите се помешани од дожд и снег (лапавица), но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Сообраќајот на останатиот дел од државните патишта се одвива тековно, пo влажни коловози.

Како што соопштуваат од ЈП Македонијапат, сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.






Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат, се посочува, постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Поврзани содржини