„ЦРКВАТА НИ ГО МЕНУВА ИДЕНТИТЕТОТ“ Македонците во Грција 7 години чекаат одговор од Цариград

Македонците од Грција побарале богослужби на современ македонски јазик во дел од црквите под надлежност на Вселенската патријаршија. Во писмото до патријархот Вартоломеј се наведува дека со децении биле изложени на забрани, притисоци и асимилација.

109

И по седум години од испраќањето, партијата на етничките Македонци во Грција „Виножито“ сè уште нема одговор од Вселенскиот патријарх на барањето да се воведат богослужби на македонски јазик во северниот дел на Грција, каде тој има надлежност.

Македонците од Грција во 2019 година испратиле писмо до Вселенскиот патријарх Вартоломеј со барање во дел од црквите во северна Грција богослужбите да се одржуваат на современ македонски јазик.

Во писмото се наведува дека се бара литургиите во местата каде што живеат етнички Македонци да се изведуваат на мајчин македонски јазик и со азбуката на Свети Кирил и Методиј и при крштевки и постхумни спомнувања да се користата традициолани македонски имиња.

Меѓу другото, се наведува дека од почетокот на минатиот век Црквата и државата Грција активно со закани и заплашување ги менуваат јазикот, имињата и националниот идентитет на Македонците.

Поврзани содржини