МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА БАРААТ ЛИТУРГИИ НА МАКЕДОНСКИ Испратија писмо до Цариград

Македонците од Грција побарале богослужби на современ македонски јазик во дел од црквите под надлежност на Вселенската патријаршија. Во писмото до патријархот Вартоломеј се наведува дека со децении биле изложени на забрани, притисоци и асимилација.

11

Македонците од Грција испратиле писмо до Вселенскиот патријарх Вартоломеј со барање во дел од црквите во северна Грција богослужбите да се одржуваат на современ македонски јазик.

Писмото на својот профил на Фејсбук го објави Павлос Воскопулос – Филипов, еден од лидерите на Македонците во Грција. Тој за весникот „Вечер“ потврди дека дописот бил испратен со надеж дека барањето ќе биде прифатено.

Во писмото се наведува дека се бара литургиите во местата каде што живеат етнички Македонци да се изведуваат на мајчин македонски јазик и со азбуката на Свети Кирил и Методиј и при крштевки и постхумни спомнувања да се користата традициолани македонски имиња.

Меѓу другото, се наведува дека од почетокот на минатиот век Црквата и државата Грција активно со закани и заплашување ги менуваат јазикот, имињата и националниот идентитет на Македонците.

Поврзани содржини