📽 МАЈКАТА НА БИЈОНСЕ ИМА РАК Ќерката и внуката ѝ пееле пред операција за да ѝ дадат сила

На мајката на познатата пејачка Бијонсе, Тина Ноулс, која има 71 година, неодамна ѝ беше дијагностициран рак на дојка во прв стадиум. Лекарите ја поставија дијагнозата откако открија 2 тумора за време на мамографија

61

Мајката на познатата пејачка Бијонсе, Тина Ноулс, во најновото интервју откри дека води тајна борба со ракот.

На Тина, која има 71 година, неодамна ѝ беше дијагностициран рак на дојка во прв стадиум. Лекарите ја поставија дијагнозата откако открија 2 тумора за време на мамографија, објави Дејли мејл.






– Бев нервозна. И тогаш тие почнаа да се шегуваат со мене – изјави таа.

Ноулс рече дека нејзината ќерка Соланж во еден момент ѝ пуштила вирално видео за зборот „demure“ за да ја расположи.

– Почнав да се смеам. Се извлеков од сопствената глава… Потоа им реков: „Само сум толку среќна што сте тука“ – рече таа за тој трогателен момент.

Ноулс додаде дека Соланж и нејзината внука Енџи Бијонсе ѝ ја отпеале песната „Walk With Me“ пред една од операциите.

– Песната е за тоа како Бог оди со тебе и те штити. И отидов таму чувствувајќи дека Бог е со мене – рече Ноулс низ солзи.

Таа додаде дека иако закрепнала од ракот, се соочила со сериозни тешкотии на патот.

За Си-Би-Ес морнингс Нолс изјави дека добила толку тешка постоперативна инфекција што речиси се откажала од настанот Women of the Year 2024 на Glamour, одржан во октомври.

Селестин Ан Тина Бијонсе Ноулс е американска бизнисменка, моден дизајнер и филантроп, позната по основањето на брендовите „House of Dereon“ и „Miss Tina by Tina Nowles“.

Таа е мајка на пејачките Бијонсе и Соланж Ноулс. Таа беше во брак до 2011 година со нивниот татко Метју Ноулс, менаџер на „Дестинис Чајлд“.

За нејзиниот придонес во модниот бизнис, Ноулс беше наградена на Наградите на Советот за извонредност во 2001 година.

Поврзани содржини