ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА Од денеска ќе преовладува сончево и топло време

Попладне и кон крајот на денот претежно во северозападните делови ќе има повремен локален дожд, информираше УХМР.

454

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираше УХМР.

„Попладне и кон крајот на денот претежно во северозападните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од јужен правец. Од денеска ќе преовладува сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла“, соопшти УХМР.






Поврзани содржини