ЛЕТОТО ГО ПОКАЖУВА НАЈЖЕШКОТО ЛИЦE Освежување само во делови од земјата
Метеоролозите најавуваат сончево и многу топло време, а во попладневните часови локално се можни краткотраен дожд и грмежи.
Сончево и многу топло време со температури до 37 степени нè очекува утре, додека во попладневните часови во делови од земјава ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информираат метеоролозите.
Според прогнозата, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 13 степени во Берово до 22 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 31 степен во Маврово до 37 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 21 до 37 степени.
Топлото време ќе продолжи и за време на викендот. Во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне повторно ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 40 степени.
И во недела ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, додека максималните температури ќе се движат од 34 до 39 степени.