ЛЕТОНИЈА НА УКРАИНА Ѝ ПОДАРИ 300 АВОМОБИЛИ ОД ПИЈАНИ ВОЗАЧИ Донација во вредност од 1 милион евра

Летонскиот парламент  на 16 февруари усвои предлог-закон со кој се дозволува возилата одземени од прекршителите,  да и бидат предадени на Украина.

306

Летонската влада ѝ даде на Украина околу 300 автомобили одземени од возачи под дејство на алкохол. Наскоро ќе бидат испорачани уште 34 возила. Вкупната вредност на возилата е речиси еден милион евра, објави во понеделникот летонскиот портал „Делфи“.

Летонскиот парламент  на 16 февруари усвои предлог-закон со кој се дозволува возилата одземени од прекршителите,  да и бидат предадени на Украина.






Од стапувањето во сила на законот, летонската влада одобри неколку релевантни одлуки, при што околу 271 одземено возило со вкупна вредност од 903.453 евра и беа предадени на Украина до средината на декември.

Наскоро треба да бидат префрлени уште 34 возила во вредност од 161.880 евра. Овие автомобили се одземени од пијани возачи.

Подарените автомобили во Украина ги пренесуваат волонтерите кои припаѓаат на таканаречениот Твитер конвој.

Поврзани содржини