Лекарски тим од Дебар со порака: Ние сме на работа, вие седете дома
Од вчера во Дебар и Центар Жупа е прогласена кризна состојба за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Тим на лекари кои се ангажирани во болницата во Дебар на фејсбук споделија фотографија во која ги повикуваат граѓаните да седат дома.
Фотографијата ја сподели познатиот педијатар од Дебар, Арбен Аголи, на својот профил на „Фејсбук“ на која тој и неговите колешки порачаа: „Ние сме на работа, вие седете дома“.
Од вчера во Дебар и Центар Жупа е прогласена кризна состојба за да се спречи ширењето на коронавирусот.