📽️ КРИСТИ БРИНКЛИ СЕ ВРАТИ НА ПИСТАТА НА 72 ГОДИНИ По речиси една деценија манекенката повторно прошета по пистата на њујоршката модна недела

Кристи Бринкли на 72 години повторно прошета на модната писта на Њујоршката модна недела, каде ја затвори ревијата на Денис Басо проследена со песната на нејзиниот поранешен сопруг „Uptown Girl“ од 1983 година, во чиј спот токму таа ја имаше главната улога

2

Американската манекенка Кристи Бринкли повторно застана на модната писта, и тоа на 72 години. Таа на 14 септември ја затвори ревијата на дизајнерот Денис Басо во рамките на њујоршката модна недела, претставувајќи ја неговата колекција за пролет/лето 2027.

Бринкли се појави во долга тоалета во боја на кожа со отворени раменици, украсена со кристални детали, висок шлиц и долг шлеп. Изгледот го надополни со впечатливи обетки, високи потпетици, пуштена брановидна коса и црвен кармин.






Нејзиното појавување имаше и посебна симболика. Бринкли на пистата прошета проследена со песната „Uptown Girl“ од нејзиниот поранешен сопруг Били Џоел, песната од 1983 година чиј спот ја прослави и самата манекенка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LifeMinute.tv (@lifeminutetv)

– Кој не би сакал да биде во оваа позиција? – изјавила Бринкли за „People“ зад сцената додавајќи дека било забавно повторно да дојде на њујоршката модна недела и да прошета во спектакуларна тоалета во која се чувствувала „како милион долари плус данок“.

Манекенката на својот Инстаграм објави и видео од настапот, заблагодарувајќи му се на Басо за поканата. Таа напиша дека ѝ било чест да ја затвори ревијата како 72 и полгодишна жена и додаде дека „сè уште нема доволно“ жени на нејзина возраст застапени во јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Brinkley (@christiebrinkley)

Ова е нејзино прво појавување на модна писта по 2019 година, кога заедно со ќерката Сејлор Бринкли Кук прошета на ревијата на Ели Тахари во Њујорк. Самата Бринкли претходно има зборувано и за стареењето, велејќи дека годините ѝ донеле чувство на слобода и помала потреба да се грижи што мислат другите за нејзиниот изглед.

Бринкли во последните години зборуваше и за тоа дека останува активна преку градинарството, кое го опишува како свој вид физичка активност. Во исто време, отворено зборува и за козметичките третмани што ги има направено, меѓу кои ласерски процедури и ботокс.

Поврзани содржини